Бизнис
22. October 2020 - 16:36

СБ предвидува пикот на кризата да биде во декември и јануари

Долгот ќе надмине 61% од БДП, економија ќе падне за 4,1% годинава. Земјава заради корона кризата се наоѓа во најлошата рецесија од воената 2001 година досега. Според најновиот извештај на Светска банка, состојбата е иста насекаде, а од земјите во регионот, подобри прогнози од Македонија имаат Србија и Босна.  Црна Гора е во најлоша позиција, следат Косово и Албанија. Како ќе се развива ситуацијата о каква ќе биде 2021 ќе зависи од мерките што ги преземаат Владите за да го спречат ширењето на Ковид 19.

Надежите на економистите се дека целосно затворање на економиите како во март и април нема да има туку дека ќе се воведуваат рестрикции само во одредени критични региони. Сепак, Светска банка прогнозира дека шест месеци беа доволно време за и фирмите и потрошувачите да се навикнат на новата состојба и евентуален целосен карантин нема да претставува шок како оној од пролетта.

Од март до јуни, корона кризата во Западен Балкан затвори околу 140.000 работни места, а нови 300.000 лица западнаа во сиромаштија. Иако прогнозите на Светска банка за следниот период се попозитивни од претходно, неизвеснота носи значителни ризици за економите во регионот.