Свет
27. May 2016 - 12:31

Савченко: Ќе бидам претседател доколку Украинците тоа го сакаат

Украинскиот пилот Надежда Савченко, која во средата се врати дома по две години минати во руски затвор, денеска изјави дека ќе се кандидира за претседател на земјата доколку тоа Украинците го сакаат.

На првата прес-конференција што ја одржа по враќањето во Украина, Савчено изјави дека најмногу би сакала да се врати на својата работа на воен пилот, но дека би била подготвена и да се кандидира за претседател на земјата „доколку тоа им е потребно на Украинците“, пренесоа американските медиуми.

Надежда Савченко беше помилувана од рускиот претседател Владимир Путин и таа дома се врати со размената на затвореници, откако во март беше осудена на 22 години затвор заради вмешаност во убиството на двајца руски новинари на истококот на Украина.

Савченко стана многу популарна во Украина, каде наиде на срдечно добредојде по враќањето од Русија, забележуваат американските медиуми.