Свет
29. November 2017 - 9:42

Саудискиот принц Митеб ослободен од притвор со кауција од над милијарда долари

Саудискиот принц Митеб бин Абдулах, кој се сметал на времето за главен наследник на тронот, беше ослободен синоќа од притвор поради „прифатлив договор“ со кој на властите им платил над една милијарда долари. Тоа го соопшти саудиски претставник кој учествувал во кампањата против корупцијата во државата.

Митеб, кој беше началник на елитната Национална гарда, беше меѓу десетиците членови на кралското семејство министри и други поранешни чиновници кои се под истрага за корупција преземена од принцот Мохамед бин Салман.

Според извор на кој се повикуваат западни медиуми, „јасно е дека договорот вклучува и признание за корупција“.

Уште три лица осомничени за корупција се договориле со властите, како и Митеб, и обвинителството ќе проследи обвиненија против најмалку петмина од приведените.