Свет
26. February 2016 - 15:13

Саудиски „ловци“ слетаа во турската база Инџирлик

Четири воени авиони Ф-15 на воздухопловните сили на Саудиска Арабија слетаа денеска во турската база Инџирлик, кои ќе учествуваат во борбата против Исламска држава.

Воздухопловните сили на Саудиска Арабија претходно во базата испратија персонал и соодветна опрема, потсетува агенцијата Анадолија.

Во воената база Инџирлик пред две недели пристигнаа првите бомбардери кои ќе бидат користени во коалициските воздушни напади на упориштата на ИД во Сирија.