Сателитските снимки на ОН потврдуваат дека бил нападнат хуманитарен конвој во Сирија
Сателитски снимки од нападот врз хуманитарен конвој на 19 септември во Сирија ја потврдуваат тезата за воздушен напад, изјави денеска во Женева претставникот на програмата на Обединети нации за сателитски снимки Ларс Бромли.
- Утврдивме дека имало воздушен напад, истакна Бромли повикувајќи се на големината и типот на кратерите кои се гледаат на снимките.
Досега ОН беа многу внимателни во оценката за тоа како бил извршен нападот и кој е одговорен. Вашингтон тврди дека Русија е одговорна за нападот, но Москва демантираше каква било вмешаност.
Во нападот на 19 септември загинаа 18 луѓе, а над 30 камиони, кои ја транспортираа помошта од ОН и Сириската црвена полумесечина беа уништени.
Програмата за сателитски снимки на ОН ги објавуваат снимките направени од приватни сателити на барање на Светската организација или нејзини земји-членки. Најчесто снимките се објавуваат во случај на природни катастрофи.
Ново на Сител
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто