Џет-Сет
28. August 2016 - 20:11

Саша Ковачевиќ осамен: Девојката му замина во Америка

Пејачот Саша Ковачевиќ со девојката, студентката од Белград Јована Јоциќ не се видел три месеци, бидејќи таа отпатува за Америка.

Саша не крие дека му недостасува, но не сака да зборува за нивната моментална ситуација.

-Ми недостасува Јована, ама не сакам за тоа, рече пејачот.

Ковачевиќ вешто одбегнува да одговори на прашања за моменталниот емотивен статус. Инаку неодамна се зборуваше дека Саша ја раскинал четиригодишната врска со Јована зошто не можела да опстои врската на далечина.