Џет-Сет
20. October 2016 - 21:02

Сара Џесика Паркер има луда теорија за „Сексот и градот“

Актерката Сара Џесика Паркер ја отри својата теорија за серијата „Сексот и градот“ која ги шокираше обожавателите на таа култна серија.

Сара, која ја играше Кери Бредшо, верува дека Саманта, Миранда и Шарлот биле само плод на фантазијата на главната хероина.

- Често се прашувам дали навистина постоеле. Не знаеме дали сите тие работи навистина се случиле, а тоа што сте виделе во серијата не значи дека тоа навистина и се случило, рече 51-годишната актерка неодамна во едно интервју.

Таа додаде дека сцените кои сме ги гледале во серијата најверојатно само ја илустрирале колумната на Кари. Во знак на поддршка на нејзината теорија е фактот дека Кери била наратор на секоја епизода, а тие ја следеле нејзината колумна за „Њујорк Дејли Стар“.