Македонија
2. February 2018 - 15:49

Санкционирани 296 возачи за брзо возење во источна Македонија

Возачите и понатаму брзо возат по патиштата во источна Македонија. Последната радар  контрола на терен на СВР Штип покажува дека 296 возачи ги управуваат своите возила над пропишаната брзина.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција рече дека од извршената контрола 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место. Санкционирани се вкупно 296 возачи.

Најави дека и во наредните денови ќе продолжат засилените контроли на регионалните и магистрални патни правци во источниот регион.

- Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација на патиштата, истакна Панајотова.

СВР Штип во јануари има регистрирано две жртви во сообраќајни несреќи, кои се случија на регионалниот пат Штип-Кочани. Минатата година загинаа над 30 лица.