Свет
9. February 2016 - 8:49

ОН: Санкциите кон Северна Кореја се неефикасни во однос не нејзината воена програма

Северна Кореја продолжува да разработува нуклеарни и балистички програми и покрај меѓународните санкции, чија ефикасност станува сомнителна, се наведува во извештај на експерти на Обединетите нации.

Во доверливиот докуменет од 330 страници, експертите препорачуваат на црната листа да бидат додадени уште четири лица и три компании, да се зајакне контролата врз примената на санкциите и да се поместат разузнавачките беспилотни летала и нивните делови на листата на стоки, забранети за доставување во Северна Кореја.

Земјата повторно истрела ракета со голем дострел еден месец по четвртиот нуклеарен тест и покрај меѓународните санкции и реакциите на меѓународната заедница.

Северна Кореја успева да ги заобиколи санкциите и продолжува да го користи меѓународниот финансиски систем, воздушните и поморските патишта, за да доставува забранети стоки, се вели во извештајот.

-Севернокорејските претпријатија ги прикриваат своите незаконски дејности, со тоа што инфилтрираат агенти во странски компании. Северна Кореја ги користи и меѓународните институции, во кои учествува, за да се обиде да ја легитимира својата вселенска програма и да добие пристап до научните достигнувања, пишуваат авторите на извештајот.

Според нив сите тие активности се олеснети поради недостигот на строгост при примената на резолуциите на ОН. 

- Мошне важно е сите земји-членки да го интензивираат имплементирањето на санкциите на ОН, се додава во извештајот.