Балкан
22. July 2016 - 9:17

Сандра Африка бара казна за монструмот: Се појави крвав во мојот двор!

Сандра Африка пренесе навистина жалосен случај на социјалните мрежи. Имено, пејачката објави долг пост околу семејното насилство, откако крвав старец влета во нејзиниот двор да побара помош.

- Овој старец. Драгољуб Ристиќ влета во мојот двор со зборовите ме претепа синот, целиот беше крвав. Ме замоли за помош со една реченица. Ги известив Брзата помош и полицијата да ги превземат нештата во свои раце, и чувствувам морална одговорност конечно да се застане на патот на семејното насилство. Полни страници црна хроника секој ден. Тие монструми треба да гнијат во затвор, напиша Сандра.

Пејачката се надева дека ќе дојде до решение на проблемот.