Loading Video...
Свет
11. November 2019 - 16:34

Санчез и социјалистите победија на парламентарните избори во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез и социјалистити вчера победија на парламентарните избори. Но го немаат потребното мнозинство во парлалементот, кој брои 350 пратеници.

Тоа значи дека политичката криза  во земјата може да продолжи, особено ако во предвид се земе и фактот дека десничарската Вокс освои двојно повеќе гласови за разлика од изборите во април годинава.

По гласањето, Санчез од политичките партии побара да помогнат за надминување на моменталната ситуација.