Македонија
3. October 2016 - 13:51

Санација и асфалтирање на повеќе локации во Крива Паланка

Aсфалтирани се повеќе локации во централното градско подрачје на Крива Паланка согласно Програмата за санација, тампонирање и асфалтирање на делови од улици и крпење на удирани дупки на улици и локални патишта на територијата на општината за 2016 година.

Извршена е санација на пешачкот мост т.н „Градечки Мост“ кој ги поврзува  основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ и пристапниот тротоар на магистралата М2. Мостот е со должина од 44 метри и ширина од 3.8 метри. Стариот и дотраен асфалт е заменет, а вградени се околу 170 метри квадратни нова асфалтна површина. Освен мостот, асфалтиран е и пристапниот пат помеѓу училиштето и градскиот парк, со површина од 150 метри квадратни.
 
Од локалната самоуправа истакнаа дека со Одлука на Советот на општината асфалтиран е и спортскиот терен во училишниот двор на централниот објект на ООУ Јоаким Крчовски, а во рамки на оваа програма деновиве е асфалтиран еден крак од улицата „Наско Тамбурков“ во населба Скрљава, како и новиот пристапен пат до здравствениот дом „Димитар Арсов“.
 
Со Програмата за санација, тампонирање и асфалтирање на делови од улици и крпење на удирани дупки на улици и локални патишта на територијата на Крива Паланка за 2016 година од општинскиот буџетот се издвоени вкупно 11,8 милиони денари. 
 
Градежните активности продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.