-->
-->
Сан: Кејн се сели ви Сити
-->
Според пишувањата на влијателскиот британски „Сан“, центарфорот на Тотенхем и на англиската репрезентација Хари Кејн би можело да ги засили „граѓаните“ и по 17 години да ги напушти Спарси за вртоглава сума пари – наводно за 187 милиони евра (или во фунти 160 милиони).
Тоа е доволен доказ колку Кејн е подготвен и гладен за трофеи, а колку Пеп Гвардиола е решен да доведе вистинско решение во нападот на екипата.
На крајот на минатата сезона Шпанецот се прости со Серхио Агуеро кој замина во Барселона и притоа коментираше „Не можеме да го замениме. Не можеме“.
Кејн зад себе има одлично ЕП, играше финале, но повторно остана без трофеј. Во Манчестер секако би имал поголеми шанси да подигне некој пехар отколку што е тоа во Тотенхем.
Ако овој трансфер се обвистини, тоа ќе е убедлив рекорд за британски услови затоа што Пол Погба со отштета од 105 милиони фунти досега е рекордерот. Толкава сума Јунајтед му плати на Јувентус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот