Свет
2. September 2016 - 8:39

Самоубиствен атентат врз христијани во северозападен Пакистан

Најмалку четворица атентатори самоубици рано утринава извршија напад во регион населен со христијани во северозападен Пакистан, пренесоа британските медиуми, цитирајќи го портпаролот на армијата.

„Четворицата напаѓачи се убиени“, информира портпаролот на Твитер, но не даде никакви информации за тоа дали има жртви меѓу жителите од регионот.