Македонија
24. October 2015 - 8:50

Самостојна изложба на Павлина Илијеска во Прилеп

Самостојната изложба на слики „Милоста на боите“ од уметникот аматер Павлина Илијеска ќе биде отворена денеска во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“. На првата самостојна изложба пред сограѓаните Илијеска ќе се претстави со 30 дела.

Павлина Илијеска подолги години живее и твори во Лерин, Грција, каде имала групни и самостојни изложби. Преокупација и е овековечување на природата – морето, езерото, реките, планините.