Македонија
14. September 2019 - 11:43

Самостојна изложба на Небие Бериша Алими во Тетово

Скулпторката Небие Бериша Алими вечерва во Уметничката галерија во Тетово ќе одржи самостојна изложба насловена „Мода на иднината“.

– Ова се скулптури sui generis“ со кои уметникот Небие Бериша Алими ја покажува инвентивната способност на нејзиниот талент за скулптури и експресивна моќ бидејќи работи со целосно атипични материјали за скулптурите. Преку смели трансформации на тврди материјали, како што се метали, стакло, касети, разни застарени предмети од секојдневниот живот создава низа комплетно нови сензуални дела , велат од Уметничката галерија.

Алими е родена 1977 година. Дипломирала на Универзитетот во Тетово, а постдипломски студии има завршено на Универзитетот во Приштина. Предава во гимназијата „7-ми март“ во Тетово.