Македонија
13. September 2021 - 12:24

Самоиловата тврдина и Заливот на коските најпосетени локалитети и оваа сезона

Самоиловата тврдина и Заливот на коските остануваат на врвот најпосетени објекти оваа сезона во  Балканскиот Ерусалим.Споредбено со минатата година има зголемен број на туристи во историските знаменитости но за разлика од годините пред пандемијата има 50 проценти помал број на посетеност.

Останува соработката и со туристичките агенции и водичи кои го презентираат вредното културно наследство на туристите, тие велат дека оваа година во градот имаше наплив на посетители но најбројни сепак оние кои транзитираа.

Оваа туристичка сезона како што посочуваат од Завод и музеј се забележува прогрес и во бројот на посетители на Златната соба и етнолошката поставка сместени во Музејот на Робевци локации кои го заземаат третото место по посетеност на туристите.