Фудбал
12. October 2018 - 18:12

Само победа против Лихтенштајн е во мислите на македонските фудбалери

Сениорската репрезентација на Македонија, го одработи и последниот тренинг пред утрешниот натпревар против Лихтенштајн во рамките од Лига на нациите, односно нејзината четврта по квалитет група. 
 
Селекторот Игор Ангеловски и пред се лекарскиот тим денеска со многу главоболки. 
 
Стефан Спировски, Мите Цикарски, Ферхан Хасани и Бобан Николов утринава се жалеа на стомачни мачнини, па претходно предвидениот утрински тренинг беше презакажан за попладнево. 
 
Фудбалерите веднаш беа испратени на испитување, станува збор за вирус. Нинвата ситуација се следи од час во час. Најважно е што се  чувствуваат се подобро, па ќе видиме кој од нив ќе биде подготвен да помогне. Сепак. Очекувам сите кои ќе играат да го дадат максимумот. Фокусирани на Лихтенштајн и нема да калкулираме со составот. Резултатите од претхдно се само минато, мора да бидеме на највиско ниво“, изјави селекторот Ангеловски. 
 
Капитенот Горан Пандев се надева дека ваквата ситуација ќе биде надмината и дека оние кои утре ќе истрчаат на Арената „Филип Втори“ ќе го дадат максимумот, и на најдобар можен начин ќе ја одбележат 25-годишнината од првиот официјален настап на македонската фудбалска репрезентација. 
 
„Мислам дека е ова е многу важен момент да победиме, па потоа да одиме за Ерменија порелаксирано. Атмосферата никогаш не била подобра во нашата селекција, со нетрпение чекаме да почне мечот. Се надевам дека ќе има и повеќе публика. Да минеме колку што можеме полесно затоа што против Ерменија реално не чека потежок меч. 
25 години секако дека е еден голем јубилеј за мак-фудбалот и би било фантастично да го прославиме со победа", изјави капитенот Пандев,
 
Дуелот Македонија – Лихтенштајн ќе се игра утре со почеток  од 20:45 часот на „Филип Втори" Арената - Скопје.