Loading Video...
Тенис
8. јуни 2022 - 18:04

Само Јотовски од македонските тенисери ја мина првата рунда на турнирот во Скопје

 
 
Во Скопје се одржува ИТФ турнирот чиј награден фонд изнесува 25.000 долари.
 
Од македонските тенисери само Томислав Јотовски ја мина првата рунда, откако во два сета гхо победи Украинецот, Олександар Бјелински и тоа со 6:3 и 6:2. 
 
Јотовски кој за место на турнирот се избори преку квалификациите. покажа дека е во добра форма и остана единствиот македонски тенисер кој ќе игра во втората рунда. 
 
Во неа за противник ќе го има седмиот носител Јакуб Пол од Швајцарија.
 
Останатите четворица македонски тенисер, Марковски, Мицов, Дургути и Србљак беа елиминирани уште во првата рунда.