Loading Video...
Ракомет
25. January 2020 - 15:16

Само еден тим ќе ја преставува Македонија во ЛШ од следната сезона

Следната сезона во Лига на шампиони, Македонија ќе биде претставувана со само еден тим. 
 
Ова е одлуката на ЕХФ, која предвидува девет од шеснаесетте екипи да изборат место според ранкингот, а останатите седум  ќе добијат вајлд карти
 
Иако годинава имавме два претставника, тешко е да се поверува дека ЕХФ и догодина ќе ни додели вајлкарта.
 
За нашата земја предвидено е да има три тима во Лига Европа или  досегашниот ЕХФ Куп, додека во Челинџ Купот (по ново ЕХФ Куп), нема да имаме претставник.
 
Промени ќе има и во одигрувањето на натпреварите, па наместо вообичаено за време на викендот, мечевите би се играле во среда и четврток, а дуелите од Лига Европа ќе се играат во вторник, некои и во среда.