Балкан
20. April 2020 - 18:43

Само десет нови случаи на Ковид-19 во Грција, починаа уште шест лица

Во Грција се регистрирани десет нови случаи на Ковид-19, најмал број во изминатите 40 дена, додека пак животот го загубија уште шест лица.

Од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 2245 позитивни случаи на коронавирусот и вкупно 116 починати лица, согласно податоците соопштени од претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на денешната прес конференција.

На апарати приклучен е 61 пациент, а 44 лица биле отпуштени од Одделите за интензивна нега.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за здравство на Грција не соопшти податоци за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, а до завчера беа анализирани 53.290 примероци.

Професорот Циодрас соопшти дека досега се направени анализи на 54.344 примероци.