Ф1
3. November 2019 - 15:30

Само чудо може да ја пролонгира шампионската промоција на Хамилтон

Вечерва во Остин, САД ќе се вози трката за ГН на САД во формула 1 шампионатот. 
 
Финецот, Валтери Ботас на Мерцедес кој е единствениот што теоретски може да му ја оспори новата титула на неговиот тимски колега Луис Хамилтон, ќе ја има пол-позицијата на вечерашната трка. 
 
Британецот кому пак само теорија може да му ја одземе шестата титулата во кариерата, трката ќе ја започне од третиот ред, односно петтата стартна позиција. 
 
Пред него ќе бидат двата болиди на Ферари, односно Себастијан Фетел на втората и Чарлс Леклерк кој ја има четвртата стартна позиција, а меѓу нив е и Макс Верстапен од Ред Бул. 
 
Реално, само чудо може да му ја пролонгира шампионската титула на Хамилтон уште вечерва, а за тоа да се случи Ботас мора да победи, а Британецот пак да не завршни меѓу 10-мината најдобри. 
 
Американското Гранд-при започнува од 20 часот и 10 минути по средно-ервопско време.