Фудбал
8. January 2018 - 10:54

Само бод за Реал на Балаидос

Фудбалерите на Реал Мадрид дефинитивно ја губат трката за шампионскиот трофеј со Барселона откако освоија само бод на гостувањето во Виго. 

Средбата заврши 2-2 а гледачите можеа да следат резултатски пресврт откако Вас ги доведе домаќините до водство од 1-0. 
До крајот на првиот дел „кралевите“ тргнаа во офанзива и со двата погодоци на Герет Бејл направија пресврт и водство од 2-1. 
Селта најпрвин имаше шанса од пенал да израмни на 2-2 но Навас го одбрани ударот на Аспас. 
Сепак во 82м Гомез постигна погодок за конечни 2-2 на оваа средба. 
Барселона која претходно славеше со 3-0 против Леванте сега има дури 16 бодови предност пред Реал,, односно 9 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид. 
https://