Балкан
5. December 2022 - 16:38

Самит ЕУ - Западен Балкан утре во Тирана

Конкретизирање на европската агенда за земјите од западен Балкан со наш таргет – 2030 година полноправно членаство во Унијата, но и заедничко справување до предизвиците наметнати од економската и енергетската криза е она што се очекува од утрешниот Самит за Западен Балкан.

Во Тирана на средби со државниците од регионот, но и со претседателот на Советот Шарл Мишел и еврокомесарката Фон Дер Лајен, како и премиери на државите членки на ЕУ одат премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќи шефот на дипломатијата Османи.

Ден пред тиранскиот самит, во Скопје пак, се зборуваше за значењето на берлинскиот процес – инцијатива на Германија за полесна интеграција на регионот. Шефот на државата Пендарвски, вели овој процес не е замена за членство во Унијата, туку само инструмент за побрзо приклучување на 6 држави од Западн балкан.

Специјалниот претставник на германската влада за земјите од Западен Балка Мануел Сарацин вели дека Германија останува посветена на процесот на проширување.

Поддршката од Германија на регионот е јасна, вели Сарацинн,потенцирајќи дека предвидени се 500 милиони евра на краток рок за реализирање на буџетите од регионот, потоа 2.2 милијарди евра за проекти за економска сорботка со Германија како и грантови за развој на т.н. зелена енергија и енергетска транзиција.