Loading Video...
Фудбал
14. December 2019 - 16:00

Салах со два гола му донесе нова победа на Ливерпул

Екипата на Ливерпул ја оствари и 16-тата победа во 17-тиот одигран натпревар во англиската Премиер лига. 
 
Ливерпул го совлада Вотфорд со 2:0 на отворањето на 17.коло. На мечот одигран на „Енфилд“ двата голова за „црвените“ ги постигнаа Мохамед Салах, Првиот во 38.минута по асистенцијата на Мане, а вториот во последната (90-та) минута по обидот на Ориги. 
 
Овој натпревар на Ливерпул доаѓа како загреваше за Светското клупско првенство на кое актуелниот европски шампион ќе игра директно во полуфиналето, закажано за 18 декември, и тоа против победникот од мечот во кој играат мексиканскиот Монтереј шампионот од КОНКАКАФ и домаќинот односно првакот на Кувајт, Ал Саад. 
 
Во првото полуфинале на 17 декември, јужноамериканскиот првак односно победник на „Копа Либертадорес“ бразилски Фламенго, за противник ќе го има подобриот од дуелот, кој е во тек, меѓу азискиот шампион Ал Хилал од Саудиска Арабија и африканскиот првак Есперанце од Тунис