Сакраменто го изненади шампионот Голден Стејт
Кошаркарите на Сакраменто го направи најголемото изненадување на синоќешните средби одиграни во НБА лигата.
Кингси на гостински терен го совладаа шампионот Голден Стејт со 110:106.
До триумфот гостите дојдоа благодарение на серијата од 8:0 во последните три минути. Најефикасен кај Сакраменто беше Вили Стејт со 19 поени додека Џорџ Хил постигна 16 поени, но сепак играч на мечот беше Богдан Богдановиќ кој ги постигна клучните, последни четири поени, а средбата ја заврши со вкупно 12.
Шампионот на овој меч настапи без двајцата најдобри играчи Кевин Дурент и Стеф Кари, па затоа Клеј Томпсон со 21 поен беше најефикасниот во тимот на Голде Стејт
Со биланс од 15 победи и 6 порази Воините се втори во Западната конференција, додека Сакраменто се при самото дно со само 6 победи и 14 порази.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот