Балкан
8. March 2017 - 21:31

Сака ли Западот нова војна на Балканот?

 
 
Според голем број на аналитички текстови, кои во последните неколку дена и месеци интензивнo се занимаваат со ситуацијата во Македонија, лесно може да се заклучи дека оваа мала држава се најде во центарот на балканскиот жежок лонец. Миленичката на Западот, која беше под заштита на Западот за време на пост-југословенските војни, откако успеа да се спротивстави на територијалните аспирации на соседите, во последниве две години Македонија минува низ длабока политичка криза, која се заканува со ескалација на етничкото насилство и целосна дестабилизација на регионот.
 
Во нивните искрени напори да стане членка на Европската Унија и НАТО, Македонија како држава во многу случаи беше неверојатно понижена, изложена на бројни неразумно тешки, често срамни услови за политичката елита на мирниот македонски народ, на кои безусловно таа позитивно одговараше. Уште од 1993 година, поради противењето на Грција, Македонија не е примена во ОН под своето вистинско име, туку е примена под името „поранешна југословенска Република Македонија". Одамна е заборавена приказната за понижувањето кое македонските политичари го искусиле на Самитот на НАТО во 2008 година во Букурешт, кога во воено-политичкиот сојуз требаше да бидат примени Хрватска, Албанија и Македонија. Во Букурешт слета македонски авион со политичари од власта и од опозицијата, културни работници, пејачи и танчери, кои требаа да го прослават влезот на Македонија во НАТО. Следниот ден, на официјалниот дел од состанокот, тие беа пречекани со неочекуван студен туш - Македонија, повторно поради Грција, не стана членка на НАТО. Може само да се замисли колку беше понижена македонската политичка елита која требаше да се врати и да ги објасни причините за нивниот неуспех. Согласувајќи се на сите можни и неможни отстапки што практично ја претворија Македонија во буквално поделена земја, несомнено дека е легитимно да се постави прашањето: од каде ѝ е таа моќ на несреќната Грција, по чија глава истиот тој Запад постојано удира, како е таа толку моќна па цела деценија го блокира приемот на Македонија во ЕУ и НАТО. Причините се повеќе од очигледни! Имено, Македонија, чија уставна позиција се искомплицирана со Охридскиот договор од 2001 година, договор што беше спонзориран од т.н. меѓународна заедница, особено од САД, поради сложените односи стана уште еден во низата држави кои можат да бидат дестабилизирани со веќе видениот инженеринг на „производство на отпор", а преку неа, кога на големите сили ќе им притреба, да ги прелеат немирите и во регионот.
 
И пролетните немири од 2015 година во Македонија, немирите во Украина, за жал, треба да се гледаат во контекст на енергетските геополитички и геостратешки интереси на големите сили. Невидливите актери, односно западните разузнавачки служби, преку лидерот на опозициската социјалдемократска партија, Зоран Заев и голем број невладини организации, влечеа многу конкретни потези. Многу аналитичари изјавуваа дека западните разузнавачки агенции на Заев му ги предале т.н. политички „бомби“ од прислушуваните телефонски разговори на тогашниот премиер Груевски и на неговите соработници, аудио снимки кои требаше да обезбедат докази за корупција и изборни измами. Исто така, постои основано сомневање дека ЦИА и западните разузнавачки служби стојат зад акцијата во Куманово, односно упадот на Албанци од Косово на територијата на Македонија. Колку вистина има во тоа, може да се заклучи од податоците дека при пресметката на македонската полиција со терористите, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, вршеле силен притисок врз Владата на Република Македонија да ги запре преземените дејства и да им се овозможи на терористите непречено заминување во Косово. Тука се и податоците за тоа дека Владата на Република Македонија
 
кон крајот на 2014 и почетокот на 2015 година побарала помош од 17 западни држави, но не добила, како и снимките кои ги отсликуваат блиските односи на амбасадорот на САД во Македонија Џес Л. Бејли со убиените терористи, од кои повеќето се, всушност, телохранители на албанските политичари.
 
Вооружените судири несомнено беа планирани, финансирани и раководени, а нивните цели  далеку од обичните граѓани на Македонија, беа во областа на стратешките размислувања на водечките европски и светски сили. Куманово требаше да биде предупредување за актуелната македонска политика, или индиректно и за Србија, за тоа што би можело да им се случи ако продолжуваат да се договараат со руските интереси на Балканот. Трансатлантската елита нема намера да овозможи конверзија на Никола Груевски во нов Виктор Орбан, ниту пак да дозволи инсталација на „Турски тек", но ќе вложи максимални напори за спречување на каква било пенетрација на руските економски и воени опции на Балканот. Конечно, секогаш на располагање им е најсилната карта, а тоа е албанското сојузништво. Несомненото партнерство со САД, ја доведе албанската политика пред вратата на исполнувањето на историската цел за обединување на националната територија. Можната мега-албанска држава, блиска до САД, конечно би го затворила балканскиот расцеп во стратешкиот распоред на САД и на Западот и целосно да ја оневозможи проекцијата на руските интереси во оваа област. Балканските земји кои би продолжиле да соработуваат со Русите и нивните геополитички опции, ќе платат висока цена.
 
Добро е познато дека поранешниот американски амбасадор во Македонија ги контролираше изборите. Меѓутоа, „Џудишал воч“ („Judicial Watch“) една од најголемите американски невладини организации, го обвини актуелниот американски амбасадор во Скопје, Џес Л. Бејли дека со помош на Стејт департментот и УСАИД финансираше невладини организации поврзани со Џорџ Сорос. Оваа организација тврди дека Бејли во соработка со структурите на Сорос потрошиле милиони од државните пари на проектот за дестабилизација на Македонија и отстранување на Никола Груевски од власта, особено во моментот кога македонската влада беше клучна карика за запирање на соросовиот проект за отворање на границите на Европа за неконтролирана миграција од Блискиот исток.
 
Последниве денови Македонија, која не е членка ни на ЕУ ни на НАТО, се наоѓа под комбиниран силен притисок и закани од Бејли, амбасадорот на САД, Столтенберг, првиот човек на НАТО, притисок од Велика Британија и секако под „одличниот ученик“ и целосно безличниот и безимен политичар без каков било вистински авторитет и моќ Јоханес Хан, еврокомесарот за европското проширување и Фредерика Могерини, одговораната за надворешната политика на ЕУ. Оваа весела дружина го чинат пакетот на „меѓународната заедница“ или подобро кажано трансатлатската елита, која сѐ уште е под силно влијание на Обама-Клинтон-Сорос структурата, чија задача е што побрзо да ја „зготват кашата“ во регионот во ново кризно жариште, за да ја вовлечат администрацијата на Трамп, чија политика на Балканот е сѐ уште голема енигма. Балканот за тоа е идеален. По завршувањето на судирот во Сирија и замрзнатиот конфликт во Украина, на воено индустриското лоби му треба нова војна, а подобра прилика од Балканот, засега за тоа нема. Затоа, наведената дружина сѐ уште е влијателна сѐ до серијата годинешни изборни циклуси во земјите членки на ЕУ, и имаат пррилика да вршат силен притисок врз македонскиот претседател Иванов за да го препушти мандатот за формирање на нова влада токму од Зоран Заев.
 
Иако ВМРО освои тесно мнозинство од гласовите, a досега важеше правилото победниците меѓу Македонците и Албанците да прават влада, т.н. меѓународна заедница решила во игра да го уфрли својот човек од доверба, премиерот на Албанија Еди Рама кај кого на баци рака во последниве неколку месеци биле сите лидери на албанските политички партии од Македонија. Токму во Албанија е подготвена „тиранската платформа“, документот што служи како темел за преговори со македонските политички партии во процесот на формирање влада. Не е лошо да се потсетиме дека токму „советникот“ на балканските влади, бившиот премиер на Велика Британија Тони Блер  (според известувањето на истражната комисија на Џон Чилкот - John Chilcot - личноста која е директно одговорна за „производство“ на војната во Ирак, но не и предмет на истрага на пример на Хашкиот суд), во текот на летото 2016 година, во опуштена и пријателска атмосфера, со риба и вино, бил кај Рама, контроверзниот албански уметник за потребите на геополитичката реконфигурација на регионот. Додека Груевски одбиваше коалиција со албанските политички партии, не сакајќи да се согласи на уцените и условите од „тиранската платформа“ со која всушност се федерализира Македонија и се отвора патот кон дефинитивна поделба на земјата, социјалдемократот Заев, следејќи ги советите на своите моќни заштитници, собра вкупно 67 потписи од 120 мандати за формирање влада.
 
Претседателот Иванов, после бројните отстапки и понижувања кои Македонија во изминатата деценија ги доживуваше, конечно одби да го стори тоа што меѓународната заедница го бараше од него. „Ни Уставот, ниту мојата совест не ми дозволуваат да го дадам мандатот на оние политички сили кои ги разбиваат сиверенитетот и независноста на Република Македонија“, им рекол Иванов на европските бирократи. Сметајќи дека во прашање се доведени темелите на македонската државност, Иванов храбро реши да не му го даде мандатот на личноста која обезбедува мнозинство во Собранието врз основа на платформа подготвена во странска држава, а која се користи за уценување на Македонија.
 
Се поставува прашањето кои се причините за ова забрзано делување на западните сили во реализацијата на проектот Голема Албанија, проект кој и досега ја имаше поддршката и од поранешните американски администрации – како главен спонзор на големоалбанскиот резвизионизам, и од Велика Британија, Германија и Турција. Проектот во голем дел е веќе реализиран! Денес Албанците живеат во две држави - Албанија и Косово, како клиентелистички држави на САД и во соседните држави - Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Сценариото е сеопфатно и го вклучува и прашањето за отворање на северозападна Македонија, а потоа и останатите делови од Балканот со албанско население - долината Прешево во Јужна Србија, јужниот и источниот дел во Црна Гора заедно со Улцињ, како и грчкиот јужен Епир и се разбира поширока дестабилизација на регионот. Земјите од регионот, Македонија, Грција, Црна Гора изнудено би требало да се согласат затоа што се зависни од Западот, но во контекстот на значајните интереси на Русија и Турција и обновеното ривалство, може да се очекуваат судири за што веќе се стекнати сите  предуслови.  Отворањето на судирот во Македонија го отвора и прашањето за реконструкција на просторот, проектот Голема Албанија со тоа ќе ги внесе во судирот и другите држави, на почеток Косово и Албанија и Србија, преку кои големите сили ќе ги водат посредничките војни.
 
Западот со политиката на проширување силно го зајакна албанскиот корпус на југосистокот на Европа, чии интереси требаше да бидат реализирани со влезот во ЕУ, односно со бришење на националните граници.
 
Со доаѓањето на администрацијата на Трамп и можните промени во однос на насоките на европската политика по изборите во текот на годинава во водечките земји на ЕУ, актуелната елита повеќе нема време, па затоа проектот Голема Албанија треба да се реализира што е можно побрзо. „Тиранската платформа“, освен многутте неприфатливи барања за Македонија кои дирекно повлекуваат федерализација и конечна поделба, содржи и точка која се однесува на интегрирано управување на границите на Македонија со Косово и Албанија, што е веќе сторено со Охридскиот договор од 2001 година.
 
Во овој момент навистина се работи за план на ЕУ и НАТО дефинитивно да ги избрише границите и да го имплементира концептот за Голема Албанија.
 
Ова барање и активностите се во дииректна спротивност со Русија која, додека Западот седеше на уши и со својата неодговорна политика го доведе Западниот Балкан до просјачки стап, односно академски кажано, до вонредно тешката економска и социјална ситуација и политичка нестабилност, Москва го градеше своето влијание во регионот. Екстремната сиромаштија во која влезе Балканот по војните во 90-тите години од минатиот век, задржана со стратегијата на империјалистичката политика на проширување, големата невработеност која во регионот е сериозен политички проблем, екононската неизвесност, пропаста на јавните политики и масовната емиграција на населението, се очигледен показател на кршењето на општествениот поредок. Не е тешко да се заклучи како тој цивилизиран Запад, во име на специфичните стратешки и економнски интереси на САД и на водечките земји на ЕУ, повторно ја жртвува стабилноста на Балканот како и просперитетот на земјите од регионот.
 
Колку што е важно Западот да го внесе Западниот Балкан во зоната на евроатланското влијание (треба да се потсети дека сите држави од регионот навистина тежнееја и вложија сериозни напори), така во новите меѓународни околности за Русија стана важно да го заземе просторот на Западниот Балкан за да има пристап до Медитеранот и да ги осигура за своите стратешки интереси и со ширење на евроазискиот проект за интеграција на југоисточна Европа.
 
Русија, како што гледаме, сѐ почесто и повешто се служи со мека сила, значи со способност за постигнување на целите во надворешната политика, токму она што Западот, да не зборувам за ЕУ, веќе одамна го загубил. Воспоставениот мораториум, за прием на нови членки во ЕУ, најавен уште од 2014 година, како и сивата реалност која покажува дека новите држави членки на ЕУ, всушност немаат никаков бенефит од придружувањето, секако дека влијаеа на фактот дека ентузијазмот кон евроинтеграциите рапидно е опаднат. Тоа го отвора патот за Москва да го зголемува своето влијание.
 
Во овој момент треба многу мудрост и дипломатија, не само за Западот и за Русија, туку пред сѐ за владите на државите од регионот кои конечно би требало да престанат да бидат слуги на странските интереси и да ги препознаат сопствените национални интереси. Дури тогаш ќе можеме да зборуваме за стабилност на регионот.
Извор: Geopolitika.News