Свет
18. August 2016 - 8:55

САД воведе забрана за увоз на културни вредности од Сирија

Американските власти воведоа забрана за увоз на предмети од културното наследство на Сирија, јави ТАСС.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека со ова решение Владата сака да помогне во зачувувањето на културното богатство на Сирија, каде веќе петта година се војува.

Со оваа одлука американските власти исто така сакаат да ги спречат незаконските зделки со антиквитети на различни криминални групи. 

Забраната важи за сите културни вредности, кои се незаконски изнесени од Сирија од 15 март 2011 година па се до сега.