-->
-->
САД, Велика Британија и Франција се заканија со соодветни мерки при нов напад во Сирија
-->
САД, Велика Британија и Франција ветија дека ќе преземат соодветни мерки доколку сириската влада изврши нов хемиски напад. Изјавата беше дадена по повод петтата годишнина од инвазијата со сарин во предградие на Дамаск, Гута, за што тие ги обвинија силите на претседателот Башар ал- Асад.
Во нападот на 21 август 2013 година загинаа стотици луѓе.
Оттогаш западните сили го обвинуваат Дамаск дека користи хемиско оружје во воените кампањи.
По хемискиот напад во сирискиот град Дума во април, САД, Велика Британија и Франција извршија воени напади во Сирија.
-Како што веќе покажавме, ќе преземеме соодветни мерки при секаква идна употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим, се вели во соопштението од Вашингтон, Лондон и Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак