Свет
16. October 2015 - 8:44

САД: Уапсени над 150 лица во операција за сузбивање на „дизајнер“ синтетичка дрога

Американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА) соопшти дека се уапсени 151 лице низ САД во операција за сузбивање на присутвото на синтетичката дрога „дизајнер“, при што се запленети 10.000 килограми од супстанцата, околу 15 милиони долари и 39 парчиња оружје.

- Во изминатите неколку години ДЕА идентификува над 400 нови врсти на „дизајнер“ дрогата во САД, од кои повеќето направени во лажни лаборатории во Кина.

Злоупотребата на овие психоактивни супстанци предизвика поголем број инциденти и смртни случаи со предозирање, се наведува во соопштението на ДЕА.

Апсењата се извршени во 16 држави низ САД во изминатите два дена во рамки на 15-месечната операција за сузбивање на присуството на синтетички дроги, поврзано со растот на предозирање и смрт од нејзино конзумирање.