САД со санкции против неколку милитантни групи поврзани со Иран

Стејт департментот синоќа ги санкционираше милитантните исламистички групи Катаиб Саид аш-Шухада и Катаиб Хизбала, како и лидери на тие групи.
Во соопштение на Министерството за финансии се вели дека тие стојат зад нападите на американската војска и коалициските сили во Ирак и Сирија.
-Овие чекори испраќаат сигнал до групата Катаиб Хизбала и сличните такви подржувани од Иран, дека САД ќе ги користат сите расположливи инструменти за повикување на одговорност на опортунистички играчи кои сакаат да ја користат ситуацијата во Газа во свои цели, изјави Брајан Нелсон, заменик министер за финансии задолжен за борба со тероризмот и финансиско разузнување.
Некои од лицата под санкции поврзани со Катаиб Хизбола се раководители на групата, кои, според министерството, соработуале со иранската Гарда на исламската револуција за подготовка на борци.
Под санкции, исто така, се ставени силите Кудс (the Qods Force), оддел на гардата кој контролира поврзани со него милитантни групи во регионот. Според Вашингтон, Кудс се занимава со организација на патувања и подготовка на борците на Катаиб Хизбола во Иран.
Државниот секретар Ентони Блинкен во посебна изјава истакна дека Иран ги подржува овие групи со помош на обуки, финансирање и напредни оружја „вклучувајќи прецизни и смртоносни беспилотни летала. Тој истакна дека Катаиб Саид аш-Шухед планирала и подржуваала напади против американцки војници.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
