Свет
15. March 2018 - 19:34

САД со нови санкции за Руси и организации поради вмешаност во претседателските избори во 2016 година

САД на списокот на антируски санкции внесоа 19 физички лица и пет организации поради наводно мешање во американските претседателски избори во 2016 година. 

Тринаесет од нив беа обвинети од специјалниот обвинител Роберт Мјулер.

На удар се и официјални лица кои работат за руската воено-разузнавачка служба (ГРУ).

Американското Министерство за финансии соопшти дека ГРУ и руската војска се мешале во изборите и директно се одговорни“ за „NotPetya“ кибер напад на чиј удар беа фирми и бизниси ширум Европа во 2017 година.

На листата е и Евгениј Пригозин, познат како готвач за рускиот претседател Владимир Путин, како и Агенцијата за истражување интернет за која Мјулер вели дека е одговорна за голем дел од кибер-вмешувања во претседателските избори. Претседателот на САД Доналд Трамп на 2 август потпиша нацрт закон усвоен од Конгресот за нови санкции за Русија, Иран и Северна Кореја.