Македонија
7. September 2016 - 10:09

САД со честитка до Македонија по повод Денот на независноста

Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама, упати писмо со честитки до Македонија по повод Денот на независноста 8 Септември.

- Во име на претседателот Обама и на американскиот народ, упатувам најтопли желби до македонскиот народ, при одбележувањето на 25-годишнината од вашата независност. Оваа важна годишнина им дава можност на нашите две земји да се осврнеме на цврстината на нашето пријателство низ изминатата четвртина век. Македонија силно напредуваше од својата независност и Соединетите Држави се горди што ја поддржувавме вашата земја на секој чекор по овој пат. Нашата традиција на соработка во областите на безбедноста, трговијата, доброто управување и одржувањето контакти меѓу народите ја подвлекува длабочината на нашиот однос, пишува секретарот Кери.

Во писмото се додава дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во градењето на инклузивно, просперитето и демократско општество.