Свет
18. September 2015 - 23:24

САД: Руски авиони-ловци забележани на аеродром во Сирија

САД сметаат дека неколку руски авиони-ловци веќе се наоѓаат на аеродром во Сирија, соопштија денеска двајца официјални американски претставници.

Еден од изворите, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека на аеродром во близина на градот Латакија, кој е упориште на сирискиот претседател Башар ал Асад, имало четири руски авиони.

Другиот извор, пак, не сакал да го наведе точниот број на леталата.