САД: Русија стационира тенкови во Сирија
Русија распоредила седум тенкови во сириската воздухопловна база во близина градот Латакија, кој важи за упориште на силите лојални на претседателот Башар ел Асад, соопштија денеска неименувани американски официјлани претставници.
Според иситите извори, како што јавија западните медиуми, во базата кај Латакија биле регистиррани седум руски тенкови од типот Т-90, како и неколку топови.
Пред два дена американски неименувани претставници тврдеа дека во базата кај Латакија биле стационирани околу 200 припадници на руската Воена морнарица, како и дека секојдневно се зголемува бројот на припадници на Вооружените сили на Русија во Сирија.
По ваквите информации се огласи и американскиот претседател Барак Обама, кој оцени дека одлуката на Русија да упати воен персонал и опрема во Сирија претставува стратегија која е „осудена на пропаст“.
Според Обама, ваквата постапка на Москва укажува дека Асад е сериозно загрижен за својата позиицја, па затоа се обраќа за помош кон своите руски сојузници.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија ќе продолжи да и пружа воено-техничка поддршка на Сирија во „борбата против тероризмот“.
- Несомнено, имало испорака на оружје, има и таа ќе продолжи. Таа е пропратена со руски експерти кои помагаат за соодветно опремување и обука (на сириските војници) за ракување со тоа оружје, изјави Лавров за Руската телевизија.
Лавтов нагласи дека Москва најавувала оти ќе им помага на сириските власти, исто како што им помага и на Ирак и властите на други земји, кои се соочени со терористичка закана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување