САД: Русија ги тера умерените исламисти во Сирија кон екстремистите
Вашингтон ја обвини Русија дека со интензивирањето на нејзините воени операции во Сирија ги тераат „умерените исламисти во рацете на милитантните екстремисти“.
Во изјавата на Стејт департментот се вели дека „тешката ситуација, станува уште потешка и поконфузна“.
Претходно, САД се заканија дека може да ја запрат соработката со Русија околу прашањеата поврзани со Сирија, доколку Москва продолжи и натаму со воените напади во Алепо.
Реакцијата на американкиот Стејт департмент доаѓа по руските обвинувања до Вашингтон дека Американците штитаат „една џихадистичка група“ со цел да се собори од власт претседателот Башар ал Асад.
- САД го прекршија ветувањето дека ќе ги одделат милитантните екстремисти од групата Џабхат Фатех ал Шам (поранешна Ал Нусра), која беше поврзана со мрежета на Ал Каеда од умерените исламски бунтовници„ изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Вашингтон ги отфрли ваквите руски тврдења, нарекувајќи ги „апсурдни“.
Според американакото објаснување, групата во изминатите месеци се „измешала“ со другите групи и со цивилите.
Владините сили и бунтовниците во текот на изминатата ноќ и денеска водат жестоки борби во реонот на градот Алепо. Владините сили почнаа офанзива против бунтовниците во вториот по големина сириски град, откако не успеа договорот меѓу САД и Русија за запирање на непријателствата во Алепо.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс