Свет
21. July 2020 - 10:36

САД: Повеќе од 56.000 заболени од Ковид-19 за еден ден

Во последните 24 часа во САД се потврдени над 56.000 новозаразени и 372 смртни случаја како последица на новиот коронавирус, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Врз основа на податоците од 50 сојузни држави, Вашингтон Д.Ц. и други американски територии, од почетокот на пандемијата во САД се регистрирани повеќе од 3,8 милиони заразени лица, а починале речиси 141.000 луѓе.