Свет
3. January 2016 - 11:00

САД побараа екстрадиција на поранешниот заменик-претседател на Хондурас поради трговија со дрога

САД побараа екстрадиција на поранешниот заменик-претседател на Хондурас, Хаиме Розентал, кого Вашингтон сака да го изведе пред суд поради трговија со дрога и перење пари, изјави хондураскиот министер за надворешни работи Артуро Коралес.

- Ова не е ден на расот за Хондурас, ниту за неговите блиски, ниту за неговото семејство. Сите жалиме поради ова, не сакавме ова да се случи, но барањето за екстрадиција е тука, рече тој и додаде дека 79-годишниот Розентал е болен и подложен на постојани процедури за лекување.

Барањето за екстрадиција пристигнало пред 24 декември, но се одложило неговото преведување од англиски на шпански. 

На 7 октомври американски суд покрена обвинение против 79-годишниот Розентал, поранешен заменик-претседател на земјата, кој се смета за еден од најбогатите луѓе во Хондурас и во Централна Америка. Обвинетите се и неговиот син Јани, кој заземаше министерска функција, како и неговиот внук Јанкел, кој е уапсен на 6 октомври во Мајами.

Тие се обвинети за перење пари на трговци со дрога преку сметки во САД. Според обвинението тие го го правеле во период од 2004 до 2015 година.