Свет
24. March 2016 - 18:28

САД обвинија седум ирански хакери

САД обвинија ирански хакери за координирана кампања на кибернапади во периодот од 2011 до 2013 година врз десетици американски банки и резервоар во близина на Њујорк.

Американското Министерство за правда во федералниот суд во Њујорк обвини седум Иранци, за кои смета дека работеле за иранската Влада. Тие се окарактеризирани како „искусни комјутерски хакери“.

Според обвинението најмалку 46 големи финансиски институции и компании од финансискиот сектор биле цел на хакерски напади.

Секретарот за правда Лорета Линч изјави дека седумтемина Иранци ии нанеле штети од десетици милиони долари, а нападот врз резервоарот можел да предизвика непосредна опасност за Американците.