Свет
2. May 2017 - 11:19

САД нема да ги укинат санкциите против Русија, но не планираат да воведат нови

Шефови на Комисија за надворешни работи при Сенатот на САД донеле одлука санкциите против Русија да не се укинуваат во блиска иднина, објави „Политико“.

Договорено е да се разгледаат мерки за спротивставување на руското влијание во Источна Европа, без да се воведат нови санкции.

– Не планираме воведување нови санкции против Русија, изјави претседателот на Комисијата, Боб Коркер за „Политико“.