-->
-->
САД ќе продолжат да учествуваат во меѓународните преговори за климата
-->
САД сепак ќе учествуваат во меѓународните преговори за климатски промени и покрај планираното повлекување од Парискиот договор за климата, соопшти Стејт департментот.
- САД ќе продолжат да учествуваат во меѓународните преговори и состаноците посветени на климатските промени, со цел да ги заштитат американските интереси и да обезбедат сите опции во идната политика да останат отворени за американската администрација, се наведува во соопштението.
Стејт департментот додава дека „таквото учество вклучува и актуелни преговори поврзани со примената на Парискиот договор“.
Вашингтон ќе учествува на следната годишна конференција на ОН околу прашањата поврзани со климата во ноември во германскиот град Бон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море