САД ќе испратат воени советници во Сирија
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека користењето на американските сили без координација со Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад е неприфатливо.
Изјавата на Рјабков уследи по коментарот на американскиот секретар за одбрана Ештон Картер дека САД ја менуваат својата стратегија во Ирак и во Сирија и оти ќе спроведат еднострани копнени акции против милитантите на Исламска држава.
САД во моментот немаат војници во Сирија, но неименуван американски претставник денеска изјави оти Вашингтон во Сирија ќе испрати од 20 до 30 воени советници, од специјалните сили.
Советниците ќе бидат распоредени во северниот дел на Сирија и ќе им помагаат на умерените сириски бунтовници и Курдите во битката против Исламска држава.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата