Свет
28. December 2016 - 8:44

САД: Кина има право да користи меѓународни води

САД соопштија дека Кина има право да ги користи меѓународните води откако кинески носач на авиони премина покрај границата со Тајван и навлезе во Јужното Кинеско Море.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека САД сметаат дека тоа е законска употреба на море и исти права имаат САД, Кина и други држави.

– Тоа е слобода на пловидба, изјави тој.

Тајванското МО соопшти во понеделникот дека кинескиот носач на авиони со пет воени бродови пловел на 90 наутички милји јужно од Тајван.