Спорт плус
20. May 2016 - 16:05

САД – Канада и Русија – Финска во 1/2 финалето на СП во хокеј

 
Откако синоќа се одиграа последните два натпревари од четвртфиналната рунда, познати се четирите репрезентации кои ќе разигруваат за медалите на Светското првенство во хокеј на мраз што се одржува во Москва и Санкт Петербург.
 
Селекциите на САД и Канада ќе се борат во првиот полуфинален меч. 
 
Најнеизвесен дуел од четвртфиналето беше оној меѓу САД и Чешка во кој Американците славеа победа со 2:1 на пенали откако регуларниот дел заврши 1:1. 
 
Противникот на САД во полуфиналето Канада ја забележа најубедливата победа совладувајќи ја Шведска со 6:0.
 
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат Русија и Финска. Домашните хокеари на Русија со 4:1 ја победија Германија, додека Финска беше убедлива во дуелот против Данска која ја победи со 5:1.
 
Полуфиналните натпревари на хокеарскиот Мундијал ќе се играат утре.