Свет
11. December 2019 - 8:41

САД ја суспендираа обуката за саудиските питомци

Американската морнарица соопшти дека ја суспендирала летачката обука за 175 саудиски кадети во свои три бази на Флорида.

Командантот на морнарицата адмирал Клеј Дос изјави дека часовите со обука продолжуваат и дека ќе продолжи и летачката обука за другите кадети. Тој, меѓутоа, не сакаше да наведе колку време ќе трае суспензијата на обуката на саудиските кадети.
Саудискиот кадет минатиот петок отвори оган во училница и уби тројца колеги, а осуммина други рани, пред да биде убиен.