САД ја одобри третата доза на вакцината против Ковид-19 за најзагрозените групи
Американската Агенција за лекови (ФДА) ја одобри употребата на третата доза од вакцината „Фајзер/БиоНТек“ против ковид-19, таканаречената „бустер“ или „засилувачка“ доза, за постарите граѓани и младите лица кои се изложени на ризик по нивното здравје или се најизложени на можни инфекции.
ФДА одлуката ја соопшти вчеравечер, а истата беше препорачана од експертскиот совет на Агенцијата минатата недела.
Ова значи дека луѓето над 65 години и помладите кои се сметаат за најмногу изложени на ризик за здравјето или професијата, можат да се вакцинираат со третата доза најмалку шест месеци по примањето на првите две дози.
Вршителот на должноста директорка на ФДА, Џенет Вудкок, изјави дека „засилувачите“ ќе бидат дозволени за групи како здравствените работници, наставниците, работниците во самопослужувањата и луѓето во засолништата за бездомници и затворите.
– Одлуката се базира на научни докази и стручни совети, рече таа и додаде дека „ФДА ќе продолжи да ги проценува научните достигнувања и благовремено да ја информира јавноста”.
Стручниот совет на ФДА минатиот петок оцени дека достапните податоци не ја оправдуваат вакцинацијата со третата доза на општата популација постара од 16 години.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина