САД испраќаат дополнителни пожарникари во Австралија
САД планираат да испратат уште најмалку сто пожарникари во Австралија, каде веќе 159 Американци се приклучија во гаснење на шумските пожари во кои досега загинаа 25 луѓе, а изгореа 2.000 домови.
Меѓуагенцискиот пожарен центар на САД од Боизи, Ајдахо, соопшти дека во последните денови 90 пожарникари, вклучувајќи ги и помошните теренски екипи, отпатуваа во Австралија.
– Се очекува следните 100 американски пожарникари да заминат во Австралија следната недела, изјави потпаролката на центарот Кери Билбао, додавајќи дека тоа е најголем број американски пожарникари кои досега се испратени во странство.
Службените лица од Меѓуагенцискиот центар работат на брзо испраќање дополнителни пожарникари во Австралија за да можат да ги преземат улогите за противпожарна акција и да управуваат со операциите за противпожарни активности на авионите.
Билбао изјави дека оваа група пожарникари исто така вклучува обучена екипа која ќе се справи со отровните змии и инсекти, кои би можеле да се појават за време на гаснењето на пожарите во австралиските дивини.
Во Австралија сега е лето, но пожарите започнаа во септември поради сувата и рекордно топла година.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар