Свет
5. February 2016 - 8:29

САД им препорачаа на своите граѓани да не патуваат во југоисточниот дел на Турција

Американските власти им препорачаа на своите граѓани да избегнуваат патувања во југоисточниот дел на Турција поради зголемени терористички закани во овој реон, соопшти Стејт департментот.

- Се предупредуваат граѓаните на САД, доколку не е неопходно да се воздржат од патувања во југоисточниот дел на Турција, бидејќи таму е зголемена опасноста од напади на странски и национални терористички групи. Американските државјани, исто така, треба да бидат внимателни и при патувања ширум цела Турција, се наведува во соопштението на Стејт департментот.