Свет
25. January 2016 - 14:28

САД и Русија бараа де Мистура да објави датум за почеток на сириските мировни преговори

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери денеска го повикаа специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стефан де Мистура да објави датум за отпочнување на мировните преговори.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека разговорот бил на иницијатива на САД.

Преговорите за решавање на сирискиот конфликт меѓу режимот и опозицијата требаше денеска да почнат во Женева. Но, почетокот најверојатно е одложен за неколку денови поради несогласувања за составот на делегацијата на опозицијата.