САД и Кина заоструваат: Се заканува ли трета светска војна?
На Развојниот форум во Пекинг не можеше да се избегне темата за односите меѓу Кина и САД, па така беше наведена и т.н. Тукидидова замка, пренесоа агенциите.
Многу аналитичари сметаат дека новата светска војна е само прашање на време и тоа не баш далечно, како и дека тензиите во Јужното Кинеско Море можат да предизвикаат глобален судир.
Според нивно мислење, двете велесили САД и Кина влегуваат во т.н. Тукидидова замка, наречена по историчарот и генерал, учесник на војната меѓу Атина и Спарта. Неговата теза била дека подемот на Атина ја вознемирува Спарта, оа затоа војната на крај била неизбежна.
Од тој прв опишан случај, промената на врвот на глобалната доминација често доведувала до глобален судир. Американците имаат далеку најголем воен буџет на светот. Од друга страна, Кина е убедливо втора по потрошувачката за војската и својот воен буџет од година во година значително го зголемува.
Кина развива технологија која може да парира на американската, на пример проектили за уништување на бродови, во прв ред на носачи на авиони. Пекинг минатата година го забрза создавањето на вештачки острови во водите на Јужното Кинеско Море, на кои сака да гради згради, пристаништа и писти доволно големи за воени авиони.
Во почетокот на март во спорните води доплови американски носач на авиони заедно со два разурнувачи и крстосувачи, како и адмиралски брод.
„САД го поддржува развојот на Кина‟
Претседателот на Кина, Си Џинпинг не верува дека постои замка, но пред неколку месеци внимателно предупреди дека ако големите сили ги повторуваат истите стратешки грешки, постои можност самите да паднат во замката.
Барак Обама му возврати дека САД го поддржуваат развојот на мирољубива, стабилна и просперитетна Кина, која ќе биде одговорен играч на меѓународната сцена.
Многу суптилни пораки во неколку реченици на двајцата претседатели.
Во текот на историјата четири од 16 слични состојби не завршиле со војна, од тие три во последните 70 години. Секако, причина се нуклеарните потенцијали, така никој не е со лесен прст на орозот, наведуваат медиумите.
Впрочем, уште Алберт Ајнштајн рекол дека не знае кое оружје ќе се користи во Третата светска војна, но сигурен е дека во четвртата борбите ќе се водат со стапови.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ